ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на Советот на министри, ние на брза трака ќе ја внесеме државата во ЕУ

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи  на Европската Унија, а воедно го очекува и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.

„Европските определби се наша стратешка ориентација и преставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001-та година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија. Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението и се додава:

„Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди. Добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top