ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева не сака да соработува со Обвинителството

Вчерашното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана, смета ВМРО-ДПМНЕ..

Опозицијата преку соопштение го критикува тоа што Јанева дала исказ како сведок во присуство на адвокат.

„Нејзиниот адвокат истовремено правно застапува еден од таргетите во случајот „Империја“ на СЈО. Ова е навреда за секој чесен граѓанин кој очекува правда во Македонија и кој сака нашата држава да ја види како успешна приказна.
Очигледно е дека Јанева не сака да соработува со обвинителството. Очигледно е дека таа застана во одбрана на главата на криминалниот октопод аболицираниот криминалец Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата го повтори ставот дека истрагата мора да се прошири за да се откријат сите пипци на октоподот, меѓу кои Кики, Фрики и Шеки кои, како што смета ВМРО-ДПМНЕ, водат директно до премиерот, Зоран Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top