ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева, под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема

Соопштение во ВМРО-ДПМНЕ.

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на СЈО за плаќање на роднини и пријатели. 

Катица Јанева и нејзините блиски, може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија. Октоподот на Заеви пуштил пипци низ целото општество, а дел завршуваат со фамилии блиски до нив. 

Јанева го вработила својот роднина Вили Јанев, кој од шофер на гевгелискиот суд станал нејзин шофер и затоа му дала 30.000 евра. Јанева на платен список ја ставила и неговата ќерка, Слободанка Вили Јанева – 1.600 евра, која иако подолг период живее во Америка, земала пари од СЈО. 

Јанева од СЈО одвоила пари и за Вилма Петкова, сестра на нејзината поранешна колешка и претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова, на која и дала 15.000 евра. Најпознат пример за непотизмот на Јанева е Ѓорге Делиџаков, внук од сестра, на кого му дала 28.000 евра. 

Јанева се погрижила и за Методи Цилков,  сопруг на директорката на психијатриската болница во Гевгелија, Љуба Цилкова, која го издаде боледувањето на Катица Јанева. Тој од Јанева добил 26.000 евра. 

Од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра. 

Од буџетот на СЈО имало и за Наташа Олумчева, снаа од брат на поранешниот функционер на СДСМ, Саше Олумчев, која земала 15.000 евра. Бидејќи списокот на роднини очигледно го исцрпила таа го плаќала и Ѓорге Тулупов, другар на нејзиниот син Лазар Јанев, кој земал 24.000 евра. 

Ова се класични злоупотреби на службата и парите на граѓаните. 

Не само што ги ограбила бизнисмените, таа ги ограбила и граѓаните и од нивните пари плаќала роднини и пријатели. 

Безредието и апашлукот мора да запрат. 

Сите незаконски дејанија ќе бидат санкционирани по 12 април, кога ќе се врати правната држава.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top