ВМРО-ДПМНЕ ќе достави три барања до Хан

„Прво, очекуваме јасно да ја осуди Тиранската платформа и јасно да осуди мешање на странски држави во нашите внатрешни работи“, рече Николовски..

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави три барања до еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан при неговата посета во вторник.

- Прво, очекуваме јасно да ја осуди Тиранската платформа и јасно да осуди мешање на странски држави во внатрешните работи на Република Македонија. И Албанија како и Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ и очекуваме однесувањето на премиерот на Албанија да биде осудено од надлежниот за таа работа, а тоа е еврокомесарот за проширување - рече пратеникот Александар Николовски во гостувањето на дневникот на телевизија Сител.

Втора работа што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува од комесарот и Европската Унија, е да се држат до своите принципи и барања.

- Неговиот претходник Оли Рен во 2007 година, бараше да се почитува правилото при формирање на Влада кое значи, победникот во македонскиот, секогаш да коалицира со победникот во албанскиот блок. Бараме тоа правило да се почитува и сега и во иднина. Да не се прекршуваат правилата кои ги бара самата ЕУ – додаде Николовски.

Третата работа која ја очекуваат од Хан е да ги земел во предвид протестите против албанската платформа, односно „да се испочитуваат преку 200.000 луѓе кои секој ден се низ сите градови во Македонија и имаат свој став“, пренесува Мета.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top