ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за измените на законите за образование

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за измените на законите за основно и средно образование, соопшти пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска..

Ваква одлука донеле поради тоа што не им се прифатени два амандмани за обезбедување на компјутери за децата кои немаат и интернет за сите училишта.

– Само затоа што парламентарното мнозинство немаше слух да прифати наши амандмани, ќе гласаме воздржано по овие два закони. Амандмантие беа за обезбедување на компјутери и интернет за сите ученици и со еден од амандманте баравме наместо да пишува „одлучува Владата“, да стои „владата на предлог на минстерот за образовние“ како што впрочем било и до сега. Бараме одговорност од сите кои придонеле за лошата состојба во образованието, рече Ласовска.

Според министерката за образование и наука, Мила Царовска клучната измена во законите е уредувањето на учењети од далечина. Во Собранието во тек е расправа за предложените измени на законите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top