ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на лидерската средба

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на лидерската средба која премиерот Зоран Заев ја закажа за попладнево во 18 часот, дознава „Макфакс“ од партиски извори..

Според најавите, на средбата ќе се разговара за деталите за референдумот, особено во делот на изборот на нов состав на ДИК. Оваа тема вчера предизвика жестока расправа во Собранието. Владата достави предлог-закон за измени на Изборниот законик со кој е предвидено членовите на ДИК да се избираат со апсолутно, наместо со двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ е против овој предлог. Оттаму обвинуваат дека со ваквиот потег владејачката партија сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса овие измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата.

На вчерашната седница, мнозинството ја изгласа потребата од носење на измените на Изборниот законик по скратена постапка. Предлогот за измени е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top