ВМРО-ДПМНЕ: Комисија за заразни болести е под диктат на Заев

Соопштените на ВМРО-ДПМНЕ..

СДСМ не успеа да се справи ниту со здравствената криза, ниту со економската, а сега на повидок е уште една криза на поле на образованието, а „Комисијата за заразни болести, која е под политички диктат на Зоран Заев, не работи во интерес на учениците и просветните работници“, објави денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа, како што стои во нивното соопштение, дава 10 предлози за организирање на учебната година од септември.

„Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае 20 минути, со една паралелка во една училница. Наставниците ќе работат со групи по 15, наместо по 30 ученици. Со вака организираниот час од 20 минути училиштата може да рабoтат во 3 смени. Наставниците треба да работат од училиште, не од дома. Еден наставник само во една училница да држи час“, стои, меѓу другото, во понудените решенија од ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top