ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е пред колапс

Македонската економија е пред колапс, граѓаните леб немаат, а на Заев му е најважно цела недела да си се извози на скапиот мотор, се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ..

Ниту една метла, ниту една оставка не може да ја надомести штетата која Зоран Заев, Тевдовски и Анѓушев ја нанесоа на македонската економија за две години власт.

Сите економски показатели укажуваат на фактот дека македонската економија тоне, тоне поради погубните економски политики на криминалната и одродена власт на Зоран Заев. Додека граѓаните се борат за парче леб, функционерите на власта ги бројат милионите на своите сметки, заработени преку криминални тендери и грантови на грбот на граѓаните.

Додека некој се богати од буџетската сметка, во Македонија над  500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден, живеат на прагот на сиромаштијата .

Речиси секој ден Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани за милионски суми. СДСМ за две години потроши 7 милијарди евра буџетски пари, а притоа не реализираше ниту една крупна капитална инвестиција. Каде се парите на граѓаните, за каква цел се потрошија неверојатни 7 милијарди евра државни пари.

Во првите три месеци од нова година, владата на СДСМ реализацијата на капиталните инвестиции остана закована на дното. Ништо подобра реализацијата на капиталните инвестиции не беше ни минатата година Останува мистерија каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори.

Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа, а од ден во ден се поголем број на граѓаните се решаваат трајно да ја напуштат државата.

На овој економски холокауст, мора да се стави крај, СДСМ мора да си замине, Македонија заслужува подобро!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top