ВМРО-ДПМНЕ: Маршот на Заев е марш за амнестија на Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо...

Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април. На 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви..

Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон. Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста. Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта. Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите. По 12-ти април следува правна разрешница за сите криминали и неправилности“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот марш на СДСМ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top