ВМРО-ДПМНЕ: Нема да ги поддржиме уставните измени

Од ВМРО-ДПМНЕ утринава преку партиско соопштение го повторија ставот дека нема да ги поддржат уставните измени..

- Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно - политички мртов. јаловата дебата која што се води во собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните.

Стои меѓудругото во соопштението од опозициската партија.

Од таму го повикаа и премиерот Заев, да ја послуша, како што велат, волјата на над 1 милион граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои, како што пишува во соопштението, не е прифатлив Договорот од Преспа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top