ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски треба да им се извини на Телма и на јавноста за изречените лаги

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски лаже исто како и неговито партиски челник и премеир Зоран Заев, и треба да им се извини на телевизијата Телма и на јавноста за изречените лаги, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако и споменатата телевизија потврди дека кандидатот на СДСМ го откажал учеството во телевизиското соочување со опозициската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Пендаровски претходно преку социјалните мрежи тврдеше дека телевизиското соочување со Силјановска воопшто не било закажано, а неговиот изборен штаб испрати соопштение во кое вели дека новинарката Снежана Лупевска Созен не ја „говорела вистината“. Според нив, е “посочено дека поради обврски на кандидатот за Претседател, а краткиот период за поместување на веќе договорените активности за тв соочувањето, треба да се бара термин кој ќе биде заемно прифатлив, во рамки на предложените од медиумот“.

На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои изразија „разбирање“ за Пендаровски дека е исплашен од поразот, но сметаат дека би било чесно од негова страна „да се соочи со фактот дека граѓаните не го поддржуваат и дека нема што да понуди“.

„Ниту телевизиите, ниту граѓаните се должни да ги трпат навредите на Пендаровски. Јавноста не смее да биде жртва на паниката од изборниот пораз на Пендаровски. Граѓаните знаат, знае и цело СДСМ дека Пендаровски губи, а губи затоа што е ист како Зоран Заев, 102.5 отсто, криминоген и корумпиран. Пендаровски со денешниот однос кон медиумите уште еднаш покажа зошто не смее да биде претседател на Република Македонија“, се вели во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top