ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Никола Димитров

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднела интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров..

Пратеничката група вчера имала координација на која било одлучено да се поднесе интерпелација, заради, како што велат, „пониживачкиот однос кон македонската нација, нарушувањето на достоинството на македонскиот народ и навредата кон сите граѓани како припадници на нацијата” од страна на Димитров. Образложението било потпишано од повеќето пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и во него се вели дека „министерот Димитров функцијата ја врши несовесно и со потценување на народот и граѓаните како носители на суверенитетот во државата”. Пратениците од ВРО-ДПМНЕ бараат од Собранието, согласно Уставот и собранискиот Деловник, да се расправа по оваа интерпелација и да се утврди моралната, политичката и професионалната одговорност на министерот Димитров. Според Деловникот, претседателот Џафери треба да го извести министерот за поднесената интерпелација во текот на истиот ден во кој е доставена.

Причина за интерпелацијата е изјавата на Димитров: “Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“. 

Извор: МКД.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top