ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на СДСМ ќе се затворат 15 000 микро и макро компании

Поради неспособноста на СДСМ над 40.000 граѓани во Македонија ги изгубија своите работни места..

Се фалеа дека спроведуваат четврт сет на мерки, а не успеја да ги спроведат мерките од третиот сет. Без никаков срам се фалат за четвртиот сет на мерки, кога тоа остана само празно и неисполнето ветување пред граѓаните.

Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид- 19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.

Поради нивната неспобност Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%.

Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој над 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%.

Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4%.

Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.

Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top