ВМРО-ДПМНЕ: Поседуваме докази за комуникација на Јакимовски со висок функционер од СДСМ

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ..

„ВМРО-ДПМНЕ поседува конкретни докази за честа комуникација и контакт на лицето Емил Јакимовски со висок функционер на партијата СДСМ од неговиот роден град Крива Паланка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и додаваат дека оттука треба да се утврди дали зад таквото однесување на Јакимовски не стои координирана акција и уцена од овој висок функционер на СДСМ.

„Тоа што во медиумите се прикажува СДСМ за лажен душегрижник за новинари, а во реалноста висок функционер на СДСМ има честа координација со Јакимовски го покажува лицемерието на СДСМ и нечесните намери. Доказите за таквата координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до МВР, по што ги повикуваме да извршат вештачење на доказите и комуникацијата помеѓу високиот функционер на СДСМ и Емил Јакимовски со цел да се дознае вистината, а од друга страна да се утврди дали станува збор за уцена од страна на СДСМ и нивниот функционер врз ова лице“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до самото однесување на Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ најстро ги осудува и се оградува од неговите ставови. Воедно од партијата ги повикуваат и охрабруваат институциите да постапат согласно со законските прописи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top