ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Зоран Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако СДСМ е на власт во Република Македонија ништо не се гради, нема нови инвестиции и нема нови проекти. Република Македонија две ипол години тапка во место. Дури и проектите на ВМРО-ДМНЕ кои беа скоро готови едвај ги завршија. Ветувањата кои беа дадени пред изборите за 600 километри нов автопат, 550 километри нови магистрални патишта се една од низата на лаги на Заев, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека наместо инвестиции, Македонија секојдневно тоне во долгови.

-Економијата ни е најниска во Европа, а долгот вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра. Граѓаните не видоа ништо добро од Заев и СДСМ. СДСМ не го донесе ветениот живот за граѓаните на Република Македонија. Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top