ВМРО-ДПМНЕ: Празничните денови нека донесат радост, топлина и спокој во секој дом

Празничните денови нека донесат радост, топлина и спокој во секој дом.

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Македонија им го честита големиот празник, Рожденство Христово- Божик.

- Празничните денови нека донесат радост, топлина и спокој во секој дом. Во овие празнични мигови да се присетиме на христијанските вредности на милосрдие, љубов, хуманост и толеранција кон нашите ближни, кон пријателите и нашите соседи. Светлоста на Божиќ нека биде водилка на секој од нас на нашиот пат кон личниот успех и среќа. Успехот на поединецот е и успех на државата. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божиќ, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top