ВМРО-ДПМНЕ: СДС реагира во име на СЈО, бидејќи СЈО е нивна партиска испостава

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ..

„Реакцијата на СДС е уште еден доказ дека СЈО е нивна партиска испостава. Затоа СДС реагира и во име на СЈО.

СДС преку својата канцеларија СЈО, треба да престане со вршење на притисок кон судот само за да ја покрие својата неспособност и до го сврти вниманието од актуелната политичка ситуација.

Очигледно се работи за политички монтирани случаи и дека СДС е силно засегнат сценариото да се реализира до крај за да се наштети на ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните локални избори. Бидејќи нема никакви докази за измислените украдени милјадри евра, како што беа обвинувањата на тогашната опозиција пред изборите, сега со барањата за одземање на пасошите СЈО/СДС се обидува да се создаде перцепција дека можеби постои вина кај функционерите на ВМЕО-ДПМЕН.

Колкава е хипокризијата на Зоран Заев во однос на судството може да се види од неговите изјави дека не го почитува и нема намера да го почитува судот. Неприфатливо е барањето на СДС за генерален реизбор на судиите само за да го сокријат криминалот кој нивниот лидер го има направено, а за кој има непобитни докази. Судството треба да биде независно, а СДС да заборави на времињата кога во еден ден сменија над 670 судии. Со ова се докажа дека СЈО, без било какви аргументи само врши политичка хајка против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС/СЈО треба да престанат да манипулираат. Граѓаните очекуваат 30 000 денари просечна плата, 550 километри автопати, а докторите очекуваат 100 000 денари плата“ се вели во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top