ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и картелот на власт спроведуваат грабеж

Сметаат дека со вакво работење Македонија не може да влезе во ЕУ и НАТО..

Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ и картелот на власт спроведуваат грабеж како од дивиот запад.

„Нема државен тендер или грант, кој не го доби фирма или невладина организација поврзана со СДСМ. На криминалните тендери и грантови им нема крај“- се наведува во соопштението. 

Обвинуваат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев добил пари пред Фондот за иновации, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска доделила средства на невладина во која и таа самата членува.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top