ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја третира државата како лична сопственост

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ..

СДСМ ја третира државата како своја лична сопственост, обвини опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.

„Самоволието и злоупотребата на службената должност стана општа пракса на локалните шерифи од СДСМ. Последен е примерот со злоупотребата на службеното возило на директорот на БЈБ, Лазе Велковски кој го користи за свои лични потреби. Функционерите на СДСМ ги злоупотребија и државните пари, парите на граѓаните, кога во неколку наврати се обидоа да го оштетат буџетот на Република Македонија за милионски суми и да доделат тендери на фиктивни фирми креирани за една употреба, испумпување на државни пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека тендерите и грантовите станале главна валута за исплата на партиските послушници кои во изминатите години го одработиле сценариото за распродажба на македонските национални и државните интереси.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top