ВМРО ДПМНЕ: СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев.

СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат. СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ..

СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани. СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните. Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.

Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука. Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта. Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се иќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top