ВМРО ДПМНЕ: Спојување на СЈО со ЈО може, Вилма Рускоска не може

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Прифаќаме Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) да се спои со Јавното Обвинителство (ЈО), но не прифаќаме Вилма Рускоска да раководи со новата институција, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија е против изборот на Рускоска бидејќи смета дека е личен избор на премиерот Зоран Заев.

„Предлогот на Зоран Заев за Вилма Рускоска да раководи со новото Обвинителство или како што ја нарече нов Специјален јавен обвинител е потврда на спрегата меѓу СДСМ, неа и институцијата. Предлогот наместо Катица Јанева да биде Вилма Рускоска е негов лична одлука и избор на личност што сиот изминат период работела за интересите на оваа Влада и на партијата“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во однос на евентуални забелешки за новиот предлог закон за јавно обвинителство, од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ќе ги изнесат по детална анализа на понудените решенија. Од СДСМ, пак, со тврдење дека сите случаи на СЈО во иднина ќе продолжат со третман од новото Јавно Обвинителство. Предлог законот се очекува пред пратениците во текот на наредната недела, а за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top