ВМРО-ДПМНЕ: Трошоците растат, платите стагнираат, граѓаните се посиромашни

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ..

Државата и граѓаните со секој поминат ден се се посиромашни. Индексот на трошоците за живот во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 1.5%.

Додека трошоците растат, платите стагнираат. Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во 2018 година во однос на 2017 година е зголемено за 2.7%. Ова значи дека граѓаните со секое пазарување во маркет, бензинска станица, аптека или друга фирма со трговија на мало во просек плаќале повеќе од 2017 година.

Во континуитет се зголемува бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија изнесува дури преку 500.000 граѓани.

Наместо живот за сите, дојде живот за власта. Наместо парите кај граѓаните, имаме пари кај власта.

СДСМ ги зацрни граѓаните. Државата само стагнира, економијата тоне, а луѓето имаат се помалку пари.

Потребно е СДСМ што побргу да си замине за државата да може да тргне напред, со СДСМ на власт не очекува само сиромаштија и економски крах. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилата мора да бидатпоразени. Зората мора да изгрее. Македонија заслужува да тргне напред.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top