ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето од ЕУ е дека во октомври ќе добиеме одлука, ама каква

СДСМ и Зоран Заев докажаа дека ниту можат да спроведат реформи, ниту да го подобрат стандардот на граѓаните, а уште помалку можат да не однесат во Европската Унија..

„Претходните осум години кога Македонија имаше позитивни препораки за преговори со ЕУ услов за датум беше решение за спорот со името, но сега реалноста е дека Македонија не доби датум за преговори затоа што власта нема испорачано реформи.

Планот за реформи 3-6-9 со кој толку многу се фалеа се претвори во фијаско. Не успеаја да исполнат ни 42% од истиот. Воедно државата се повеќе тоне во корупција,  судството и обвинителството работат по нарачка на аболициран премиер, а нема реформи ниту во администрацијата.

Две години Заев ги лаже граѓаните дека датумот само што не сме го добиле. Дури и се сликаше во авион прославувајќи дека сигурно добиваме датум, за да една година после тоа се уште нема ни Д од датум за преговори со ЕУ.

Откако повторно добија студен туш од ЕУ, сега повторно манипулираат дека датумот го добиваме во октомври или декември, но пораката која ја добивме е дека во октомври ќе се донесе одлука. Притоа нема гаранција дека и тогаш ќе добиеме датум затоа што државата ни ја води најнеспособната влада во историјата.

Во Европа не се оди со два пати аболициран премиер, со партизирано судство и обвинителство, корупција местени тендери и непотизам во секоја пора во државните институции. Во Европа не се оди ниту со економија која тоне, уништено здравство и колабирано образование.

Со СДСМ и Заев граѓаните и државата стагнираат. Одговорност неуспехот на власта, распродавањето на државата и криминалот мора да има. Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top