ВМРО-ДПМНЕ: Владата го зголемува задолжувањето на Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвините дека владата на СДСМ со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија..

„СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев кои со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена земја, сега откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра. Уште во првиот месец дена откако дојдоа на власт ја задолжија државата 60 милиони евра. СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот им најавува дека за само 5 месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека луксузите не смеат да бидат на трошок на граѓаните.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top