ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ не успеа да ги заштити здравјето и животот на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта на СДСМ не успеа да ги заштити здравјето и животот на граѓаните.Зоран Заев и неговите соработници немаат капацитет да се справат со кризата.

Зоран Заев и СДСМ имаат други приоритети, а нивните погрешни политики граѓаните ги плаќаат со сопствените животи.

Лажната нормалност на Заев и Спасовски блесна со нови 35 заразени и 5 починати за последното деноноќие. Филипче се затрупа во лаги, а Македонија е завиена во црно.

Заев турка предизборен поткуп и попусто се обидува да ја спаси својата кариера. Ситуацијата е надвор од контрола.

Додека Заев и Спасовски, туркаат избори, имаме нова вонредна состојба, а Филипче е изгубен помеѓу изјавите дали ја победил короната или народот му е крив за неговата неспособност.

СДСМ и владата се дрзнаа да го обвинуваат народот и граѓаните за сопствената неспособност. Во недостиг на оправдувања не знаат веќе која лага да ја повторат и што уште да измислат.

Овој срам и хаосот кој го приредуваат на сметка на животот на луѓето не се пере со ништо. Визија и стратегија за борба против пандемијата немаше. Оваа влада треба да има совест за да поднесе одговорност пред граѓаните коишто ги стави во опасност со своето бескрупулозно лажење.

Колку лаги треба да излезат на виделина за да власта престане да манипулира со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top