ВМРО ДПМНЕ за ограда околу владата „фрли“ 700 илјади евра-барокното-неокласично здание оди во минатото

Ограда од ковано железо помеѓу бетонски столбови над два метри забрзано се поставуваше од задната страна на Владата во 2015 година додека беше на власт ВМРО ДПМНЕ..

Тогаш за прв пат објектот, кој СДСМ вети и реши да го прати во минатото, секогаш бил отворен да се оградува.

Владата на Груевски за овој зафат потроши 700.000 евра.

Оградата околу Владата ја градеше скопската градежна компанија Бауер БГ, која беше ангажирана на повеќе проекти финансирани од државата, меѓу кои се и реконструцијата на владата на фасадата и новата ограда на мостот Гоце Делчев.

Владата на Заев во изборната кампања вети дека ќе го ослободи барокното-неокласично здание и ќе го ослободи тој простор а последната владина одлука токму тоа го потврдува.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top