ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче на дело фатени во милионски рекет

„Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Заев и Филипче на три месеци пред избори.“.

Факти кои го одбележаа денот:

1.Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Зоран Заев и Венко Филипче на три месеци пред избори.

2.Царовска оставила 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице.

3.Компанијата Де Лукс ДОО е во сопственост на семејството Бочварски од крајот на 2017 до денес, заработила 5.000.000 денари од институциите на општина Штип каде што градоначалник е Благој Бочварски.

4.Според резултатите на светската страница која ја мери загаденоста на воздухот „Аирвижн“  Македонија се наоѓа во врвот според загаденоста на воздухот.

5.ОБСЕ ги осуди антисемитистичките изјави на лица блиски до СДСМ, а СДСМ не ги осудува своите експоненти за навредите упатени кон министерката Мизрахи. До сега нема никаква казна или исклучување за нивните членови заради ширењето антисемитизам.

6.Кабинетот на Нина Ангеловска го опструира работењето на техничката заменик-министерка во Финансии со цел да ги сокрие реалните податоци за економијата во Македонија, како што е на пример падот од неверојатни 24,5% на прибрани средства од данокот на добивка во однос на планираното.

7.Единствената меѓународна поддршка на Заев доаѓа од ЛАЖНИОТ принц од кој што доби одликување пред две години.

8.Партиските вработувања на СДСМ ја чинат државата милион евра секој месец

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top