ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски во паника, свесни се дека губат во недела

Заев и Пендаровски се во паника. Свесни дека губат во недела, посегнуваат по тоа што единствено го знаат, криминал и измами. Заев и Пендаровски се фатени живи како крадат лични податоци на граѓаните..

Јавното обвинителство молчи и со тоа создава огромен сомнеж дека власта го користи овој момент за прикривање докази.

Доказ дека СДСМ брише докази е фактот што после обелоденувањето на аферата „Големото око”, апликацијата веднаш беше повлечена, па потоа вратена, а кружат информации дека е сменет и серверот на кој биле складирани украдените лични податоци.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство најитно да преземе мерки за пронаоѓање и санкционирање на инспираторите, нарачателите и извршителите на овој скандал што треба да заврши со узурпирање на волјата на граѓаните.  Очекуваме дека освен нарачателите, оние кои го осмислиле и оние кои го реализирале ова навлегување во приватноста и крадење на лични податоци, пред правдата ќе одговараат и оние кои помагаат да се сокријат трагите.

Сите инволвирани треба да знаат дека ваквите дела не застаруваат. Одговорност за ова ќе има.

Ова афера е само доказ како функционира СДСМ, криминогено.

Гласот за Стево Пендаровски е глас за криминалот. Република Македонија мора да тргне напред. Државата бара право и правдина. Во недела да излеземе и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова. За правда во Македонија!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top