ВНИМАВАЈТЕ - НОВИ УРЕДИ СЕ ВЕЌЕ ИНФИЦИРАНИ СО ВИРУСИ

На повеќе од 30 различни паметни телефони и таблети пронајден е прединсталиран малвер. Програмата на уредите е инсталирана пред корисниците да имале можност да го пуштат телефонот..

Биле пронајдени „сериозни инфекции“ на 38 уреди, а од компанијата „Check Point“ известуваат дека направиле листа на уреди на кои пронашле вирус:

Samsung Galaxy Note 2
LG G4
Samsung Galaxy S7
Samsung Galaxy S4
Samsung Galaxy Note 4
Samsung Galaxy Note 5
Samsung Galaxy Note 8
Xiaomi Mi 4i
Galaxy A5
ZTE x500
Samsung Galaxy Note 3
Samsung Galaxy Note Edge
Samsung Galaxy Tab S2
Samsung Galaxy Tab 2
Oppo N3
Vivo X6 plus
Nexus 5
Nexus 5X
Asus Zenfone 2
Lenovo S90
Oppo R7 plus
Xiaomi Redmi
Lenovo A850

„Малверот бил веќе присутен на уредите пред да ги добијат корисниците“, известуваат од „Check Point“.

„Апликациите не се дел од ROM-от на произведувачите, туку биле додадени во текот на циклусот на производство“, додаваа тие.

Поголемиот дел од малвер бил поставен за кражба на информации, а на еден уред била инсталирана програмата „Slocker“ - вид на програма со која хакерите можат да го заклучат мобилниот на корисникот и потоа да го уценуваат за пари.

„Прединсталираниот малвер ја нарушува сигурноста на уредите и кај највнимателните корисници. Со тоа, корисникот кој го добива уредот со штетни програми нема да успее да забележи дека мобилниот му работи различно“, пишуваат од „Check point“.

Корисниците кои ги имаат моделите од листата на „Check Point“ со помош на антивирусни програми треба да проверат дали добиле уред кој е инфициран.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top