ВО АЛБАНИЈА ИМА ТЕНЗИИ: Што ќе се случи со изборите и реформите?

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани во обраќањето до нацијата изјави дека земјата се наоѓа во состојба на високи политички тензии и додаде дека секоја тензија е штетна за одржување на избори и спроведување на реформите..

Поради тоа тој упати апел до политичките партии да најдат заеднички јазик и да ги надминат меѓусебните проблеми. Нишани вели дека денот на изборите не е „во рацете на претседателот“ и дека нивното одложување може да се случи единствено со меѓусебна согласност на политичките страни. Во контекст на приближувањето на денот на изборите,18 јуни, Нишани ја нагласи одговорноста на Министерството за внатрешни работи за „гарантирање на инфраструктурата за локалната власт“.

Нишани е згарижен за големата трговија со дрога и политизацијата на полицијата. Тој соопшти дека го потпишал указот нов министер за внатрешни работи да биде Фатмир Џафај иако бил против негово именување на таа функција.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top