Во Aвстралија уловен крокодил тежок 600 килограми

Шумските ренџери од северна Австралија успеале да уловат огромен крокодил тежок 600 килограми откако прв пат го приметиле пред речиси 10 години..

Си Ен Ен пренесува дека крокодилот кој има над 60 години е пронајден во близина на рампата за бродови во реката Кетрин.

Овој крокодил со должина од 4,71 метар, е најголемиот досега фатен во тој регион.

Локалните власти трагале по него од 2010 година и се обидувале да изолираат за да не дојде во контакт со луѓе.

Крокодилот ќе биде префрлен на фарма за животни во регионот Кетрин.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top