Во Австралија возачите кои јада и пијат кафе ќе бидат казнети до $600

NRMA издаде предупредување до возачите кои јадат зад воланот..

Најголемата осигурителна компанија во Австралија објасни дека јадењето и пиењето зад воланот може да резултира во казна, иако не постои конкретен закон против тоа.

Во Нов Јужен Велс, вниманието на возачот е опфатено под законот 297 (1) според кој „возачот не смее да управува со возило, доколку возачот нема соодветна контрола врз возилото“.

Овие видови на прекршоци се проценуваат од случај до случај, со различни казни во различни држави.

Во Нов Јужен Велс во училишните зони, казната е 541 долари со 4 демиритни поени. Во Западна Австралија казната во 600 долари и во Северна Територија е 500 долари.

Возачите на Нов Јужен Велс и Квинсленд ќе бидат казнети и со три демиритни поени

Најниската казна за прекршокот е во Тасманија со 163 долари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top