Во близина на Стоунхенџ откриен неолитски камен круг стар над 4.500 години

Археолози во близина на познатото мегалитско наоѓалиште Стоунхенџ откриле единствена праисториска структура која ја создава камен круг со дијаметар поголем од два километри, соопштија научници од шкотскиот универзитет Сент Ендрјуз..

„За време на работите на терен откривме повеќе од дваесет големи отвори од добата на неолитот, долги 1,2 километри, широки десет метри и длабоки повеќе од десет метри“, се наведува во објавата на универзитетот.

Археолозите веруваат дека станува збор за најголемата праисториска структура откриена во Англија.

Истражувањата упатуваат на тоа дека датираат од времето на неолитот или младото камено време и дека се изградени пред повеќе од 4.500 години.

Отворите ја опкружуваат древната населба Дарингтон Волс, одалечена од Стоунхенџ два километри.

Претпоставуваат дека градбата би можела да претставува граница која луѓето ги водела во сакрална област поврзана со Стоунхенџ.

На археолозите не име сосема јасно како е изградено зданието, бидејќи луѓето во неолитот од алати имале само камен, дрво и коски.

Ги изненадило и тоа што градбата е доказ дека луѓето многу рано користеле броење.

Како објаснување за таквиот заклучок наведуваат дека конструирањето на вака големо здание барало голема прецизност и броење во стотици чекори.

Професорот Винсент Гефни, водечкиот археолог на проектот, вели дека станува збор за откритие без преседан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top