Во Чикаго е толку студено што мора да палат оган на шините

Чикаго, како и поголем дел од САД, се погодени од рекорден студ. На некои места температурите ќе се спуштат и до минус 50 Целзиусови степени, а за самиот град Чикаго метеоролозите велат дека во овој период ќе биде постуден и од Антарктикот..

Затоа во последните неколку дена вработените на чикашката железница, за да обезбедат редовен сообраќај, почнале да палат оган на некои делови од шините, пренесуваат американските медиуми.

„Метра (чикашката железница) не ги пали буквално шините“, вели за Си-ен-енМајкл Гилис, портпаролот на комапнијата.

„Огновите што ги гледате всушност потекнуваат од греачи на гас поставени вдолж шините кои им ја одржуваат температурата. Метра покрај овој метод користи и систем на греење со цевки и греење со топол воздух за да ги загрее студените шини“, изјави портпаролот.

„Кога температурата ќе падне под нула, користиме некоја од тие мерки“, објасни Гилис и додаде дека вакви системи за греење на шините се користат низ САД.

Мерките за загревање се користат при екстремни студови затоа што на шините можат да им се случат две нешта.

Прво, да се раздвојат, односно одалечат. При големи студови металот се собира па шините можат поради тоа да се раздвојат на споевите. Кога шините ќе се загреат со оган или топол воздух, металот се шири и шините се враќаат на своето место.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top