Во црква во Хрватска поставен крст со крвави фетуси

На олтарот на жупаниската црква „Светиот крст“ во Водице поставен е крст со крвави фетуси..

Во крстот беа издлабени пет дупки во облик на срце, а во секое срце поставени се крвави кукли, кои ги претставуваат фетусите, пробиени со клинци, објави хрватскиот интернет-портал „24 сата“ додавајќи дека знамето на Хрватска било поставено заедно со крстот.

Фотографијата многу бргу се рашири преку социјалните мрежи и на неа се гледа дека на врвот на крстот е напишана реченица од книгата на постанокот „Нивната крв од земјата кон мене извикува“.

Новинарите на порталот го повикаа жупанот на црквата Фрањо Гласновиќ и побараа од него да коментира, но тој рече дека е време на пост и нема да коментира ништо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top