Во црквите во Оклахома ќе може да се користи огнено оружје

Употребата на огнено оружје за самоодбрана во иднина ќе биде дозволено во храмовите во Оклахома..

Новиот закон усвоен во оваа сојузна американска држава гарантира дека во вакви случаи нема да има покренување граѓанска или кривична постапка.

Гувернерката Мери Фалин во понеделникот го потпиша текстот кој беше речиси едногласно усвоен во април во парламентот на Оклахома.

Новиот закон ја воведува и во храмовите одлуката со која секој што ќе процени дека е во животна опасност може да употреби огнено оружје, дури и доколку има и други можности за одбрана, на пример, бегство.

Оклахома, држава северно од Тексас, го анализира и предлог-законот што ќе му овозможи на секој граѓанин над 21 година да носи оружје без да мора да има лиценца или да вежба стрелање во цел.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top