Во Дортмунд се осоколија по неколкуте трансфери - сега му пркосат на Баерн со нивното оружје!

Борусија Дортмунд е во голем залет, на самото завршување од сезоната, тие потврдија три нови трансфери во два дена..

Откако во регуларниот дел од сезоната, го откупија договорот на Пако Алкасер, пред некој ден ги потврдија трансферите на Торган Азар, Џулијан Брант и Нико Шулц.

По тие потврдени трансфери, се зборува и за големо име, играч од висок профил. Станува збор за Марио Манџукиќ, фудбалерот на Јувентус, кој претходно настапуваше за Баерн Минхен и со кој освои титула во Бундеслигата.

Хрватот има договор со Јувентус до 2021 година, но со оглед на тоа дека Алегри заминува ова лето и ќе има нов тренер во Торино, голема е веројатноста Супер Марио да ја напушти Италија.

Наводно бордот на Дортмунд веќе бил ставен во целосен погон за ангажман на Марио Манџукиќ, со кој сигурно „милионерите“ идната сезона ќе наликуваат на кадарна екипа подготвена да се бори за титула во Бундеслиата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top