Во Џелонг прославен државниот празник Денот на Републиката

Во Македонскиот Православен Центар свечено се прослави Денот на Републиката..

Црковната општина „Св. Јован Крстител“ од Џелонг и оваа година ја продолжи традицијата во организирање на Денот на Република Македонија.

Во Македонскиот Православен Центар одма до црквата „Св. Јован Крстител“ свечено се прослави денот на кој учество зедоа и играорната група „Бисер“ од Џелонг.

Прво на вечерта гостите ги поздрави Претседателот на црковната општина а после него говор одржа Протереј - Чедомир Илиевски.

На манифестацијата која беше организирана по повод 8ми сепетември имаше свечена програма: настап на иргаорната група „Бисер“, моно драма, одржување на пригодни говори меѓу кој и говорот на конзулот на република Македонија - Бети Коруновска.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top