Во Египет пронајдени мумифицирани животни стари 2.700 години

Група египетски археолози во некрополата Сакара, јужно од Каиро, пронашла неколку мумифицирани животни на возраст од околу 2.700 години години, изјавил државниот министер за антика, Халед Анани..

Мумиите се сокриени во 25 дрвени кутии украсени со хиероглифски текстови во мала соба на гробиштата за животни во Сакара. 

Пронајдени биле 75 статуи на мачки, кои ја претставуваат древната египетска божица Баст, мала дрвена статуа од божицата Нефтиде, 57 бронзени статуи од древниот бог Озирис и статуа од сокол, симбол на богот Хорус. Меѓу мумифицираните животни има и два лава.

"На основа на првите анализи, можеме да кажеме дека младенчињата лавови се стари меѓу шест и осум месеци", рекол министерот. Археолозите исто така пронашле мумии од мачки, мунгоси, крокодили, телиња, јастреби.

Мухамед Јусеф, кој бил задолжен за ископувањето, за Sputnik рекол дека наодот датира од времето на 26-тата династија, која владеела пред 2.700 години. Додал дека Сакара, големите древни гробишта, за древните Еѓипќани биле центар за почитување на светите животни.

"Тоа не е само ново откритие, тие пронашле цел музеј", им рекол тој на новинарите при известувањето за откритието.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top