Во Египет забранети сите активности на Муслиманското Братство

Административен суд во Каиро донесе денеска пресуда со која се забрануваат сите активности на Муслиманското братство..

Одлуката на судот доаѓа по барањето на Братството да се регистрира како невладина организација, статус што оваа исламистичка организација ја имаше од март оваа година.

Воените власти во Египет покренаа силна кампања за целосна елиминација на Муслиманскто братство од египетскиот јавен живот,веднаш по тргањето од власт на првиот исламистички претседател Мохамед Морси кои беше симнат од функцијата на 3 јули.

Десетици активисти и високи функционери на Братството од тогаш се уапсени,меѓу кои и претседателот на организацијата Мохамед Бадија.

Египетските сили за безбедност своите операции против екстремизмот во земјата ги објааснуваат како борба со тероризмот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top