Во ЕУ регистрирани осум случаи на заразени со ебола

Сите случаи на заболени се поврзани со лица што се вратиле од региони во Африка, нагласи тој..

Во Европската унија регистрирани се осум случаи на заразени луѓе со ебола, изјави портпаролот на ЕК, Фредерик Венсан.

Тој нагласи дека не постои ризик од епидемија.

- Сите случаи на заболени се поврзани со лица што се вратиле од региони во Африка, нагласи тој.

Венсан вели дека во Европа се почитуваат строги правила во врска со тоа заболување и поради тоа „нема ризик од проширување на болеста или почеток на епидемија“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска за првпат ќе заседава со Кризен комитет на Влaдата за разгледување на заканата од ебола во обид да смири тензии во јавноста од можностите за проширување на смртоносниот вирус во Европа.

Економската цена од еболата може Западна Африка да ја чини 32 милијарди долари до крајот на 2015 година ако епидемијата се прошири вон трите најпогодени држави, соопшти Светска банка.

Организацијата на ОН за прехрана и земјоделие (ФАО) соопшти дека почнале со нова програма за поддршка на населението во Западна Африка погодено од епидемијата со ебола. ФАО упатиле итен повик за собирање 30 милиони долари за финансирање на таа програма за поддршка на земјоделието во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top