Во Грција се подготвува нов протест за името

Се подготвува нов протест за заштита на името Македонија пред зградата на парламентот во Атина, како и 48-часовен генерален штрајк во случај евентуалниот договор да биде доставен на разгледување во локалното собрание..

Еден од организаторите, Отон Јаковидис, ги открил плановите за протестите пред грчката телевизија „Скај“, кои ќе бидат реализирани доколку, како што тој вели, владата не ги послуша барањата искажани на двата протеста и не го земе предвид јавното мислење.

„Ако прашањето пристигне во парламентот и не биде распишан референдум, ќе објавиме 48-часовен генерален штрајк, кој ќе трае додека не бидат исполнети нашите барања, односно барањата на луѓето. Истовремено, ќе го повикаме грчкиот народ да излезе на ’Синтагма’ и да го опколи парламентот за да ги заштитиме и демократијата и Македонија“, изјави Јаковидис пред телевизијата „Скај“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top