Во гробиштата во Фокна има Грчка и Македонска парцела за погреби

На социјалните мрежи се појави фотографија од Грчката парцела на гробиштата при што настанаа мноштво реакции и револт кај Македонците во Мелбурн..

Редакцијата на Фаланга по револтот каде на Фејсбук Македонците не беа доволно запознаени дека има Македонска парцела за погребани се обрати директно до менаџментот на гробиштата во Фокна при што тие веднаш ни излегоја во пресрет и ни испратија соопштение за македонската јавност со објаснување кое што ви го пренесуваме во целост:

Кога беа основани многу историски гробишта од страна на „The Greater Metropolitan Cemeteries Trust“, тие беа поделени на делови за различни религиозни деноминации и заедници.

Меморијалниот парк Фокна, кој беше отворен во 1906 година, вклучува области кои се поделени според религиозни деноминации и заедници. Овие дефинирани области на гробиштата вклучуваат делови за грчки и македонски погреби.

Пред неколку децении, практиката во GMCT гробиштата за поделба на нови области според деноминација или заедница престана. Од тоа време, планирањето и развојот на нови области во GMCT гробиштата беа поделени во делови кои добија повеќе неутрални наслови како што се ботанички имиња.

Иако практиката на делење на нови делови од GMCT гробиштата според деноминации или заедници престана пред многу години, GMCT нема да ги преименува историските делови на нашите гробишта.

GMCT се горди што им служи на различни заедници во Мелбурн и се задоволни што повеќе од еден милион луѓе ги посетуваат нивните гробишта секоја година за мирно релаксирање и размислување.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top