Во Хондурас вонредна состојба по постизборните протести

Владата на Хондурас прогласи вонредна состојба ноќта кон саботата за да стави крај на протестите на опозицијата кои се нижат во земјата поради претпоставките изборни измами на претседателските избори минатата седмица..

Со указот кој го одобри досегашниот претседател Хуан Орландо Ернандез „се ограничува на периодот од десет дена слободно движење“ ,еѓу 18 о 6 часот, истакна портпаролот на влаата Хорхе Рамон Ернандез Алсеро.

Пет дена по претседателските избори, Хондурас сѐ уште нема победник бидејќи изборната комисија најави ново пребројување на некои од спорните изборни записници.

Меѓутоа, протестите против наводната изборна измама се покренати на повик на Салвадор Нарсаља, левичарскиот ривал досегашниот претседател и популарен телевизиски водител, кој тврди дека победил на изборите.

Прогласена е вонредна состојба стапува на сила од петокот во 23 часот по локално време, но не се однесува на Врховниот изборен суд, националните и меѓународните набљудувачи задолжени за претседателските избори, претставници на политичките партии и новинарите акредитирани за покривање на изборите.

Поштедени се и неколку професии како вработените во транспортот, медицинскиот персонал, безбедносните и правосудните службеници, како и за припадниците на дипломатските тела или меѓународните мисии, се истакнува во указот.

Конзервативниот претседател Ернандез настојува повторно да биде избран, но неговата кандидатура ја оспорува опозицијата, бидејќи се темели на контроверзната одлука на Врховниот суд која му дозволува втор мандат и покрај уставната забрана.

Како е течеше пребројувањето на гласовите, тесните резултати се свртија на страната на досегашниот претседател кој во петокот имаше водство од 42,92 отсто од гласовите пред левичарскиот ривал 64-годишниот Салвадор Насраља од Сојузот за спротиставување на диктатурата со 41,42 отсто од гласовите. Претседателските избори во Хондурас имаат само еден круг.

Приврзаниците на Насраља излегоа на улиците уште во средата вечерта и во четвртокот, на негов повик. Во петокот илјадници приврзаници на телевизискиот водител го блокираа сообраќајот во земјата, предизвикувајќи притоа судири со полицијата.

Како што јавуваат локалните медиуми, еден демонстрант загинал а најмалку двајца полицајци и десетина демонстранти се повредени во судирите, од кои некои со куршуми. Забележани се и уништувања на продавници.

Авениите и излезите од градот Тегусигалпа се блокирани од демонстрантите. Запалени се барикади, а врз силите за воспоставување на редот се фрлаат камења на што се одговара со солзавец.

Ернандез беше голем фаворит пред изборите, но темпераментниот телевизиски водител Насраља го презема водството со речиси пет процентни поени по 70 отсто од преброените гласови., и се прогласи за победник. Меѓутоа, подоцна повторно во водство мина актуелниот претседател Ернандез познат како борец против криминалот и сојузника на САД.

Победата на Насраља би претставувала удар за САД кој Ернандез го гледаат како веродостоен партнер во борбата против илегалната трговија со дроги, криминалните банки и миграцијата. САД долго време воено се поврзани со Хондурас, а оваа земја е една од ретките американски идеолошки сојузници меѓу државите во Средна Америка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top