Во Канада десетици луѓе починаа поради високите температури

Најмалку 19 лица починаа на подрачјето на Квебек како последица на високите температури што неделава го зафатија источниот дел од Канада..

Меѓу жртвите 12 се од Монтреал, наведе службата за вонредни ситуации.

Метеоролозите соопштија дека во источниот дел на Канада температурите деновиве се движеа помеѓу 34 и 40 Целзиусови степени, со висока стапка на влага.

Ниту еден смртен случај не е регистриран во соседната провинција Онтарио, каде што деновиве преовладуваа високи температури.

На подрачјето на Монтреал во 2010 година починаа околу 100 лица поради високите температури.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top