ВО КОСОВО ЗАПЛЕНЕТИ ПОВЕЌЕ ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ

Косовската полиција денеска уапсила двајца странски државјани, а во нивниот автомобил пронашла два милиони евра лажни банкноти во апоени од 500, 200, 100 и 50 евра..

Како што пренесува Ројтерс, ова е најголемото запленување на лажни банкноти во последните 20 години.

Осомничените, еден албански и еден камерунски државјанин, биле запрени од полицијата на границата со Албанија.

Во торбата со фалсификуваните пари се наоѓале и три илјади лисја хартија и хемикалии за печатење фалсификувани банкноти.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top