Во Кривичен нови рочишта за „Талир“ и „Трезор“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Талир“ и „Трезор.“.

Во првиот случај обвинети се екс-премиерот Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Со обвинението за истото дело, како правен субјект опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и екс-началникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top