Во Лајпциг хоспитализиран пациент заболен од ебола

Болницата „Сент Џорџ“ во Лајпциг располага со специјален оддел за карантин за инфективни болести..

Во Лајпциг денеска со најголеми безбедносни мерки е пренесен еден африкански пациент заболен од ебола, а саксонското Министерство за здравство, без да наведе детали, само соопшти дека станува збор за соработник на ОН.

Болницата „Сент Џорџ“ во Лајпциг располага со специјален оддел за карантин за инфективни болести.

Од епидемијата на ебола во западниот дел на Африка досега починале околу 3.900 луѓе, пред се во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.

Во врска со пациентот од Франкфурт, медиумите објавуваат дека тој е соработник на една меѓународна организација.

Во Германија кон крајот на минатиот месец се пријавиле околу 2.000 доброволци на повик од Министерството за одбрана, упатен до војниците и цивилните службеници на Бундесверот за ангажман во Африка и спречување на смртоносниот вирус.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top