Во Мексико организиран турнир на нарко-картели - убиени 16 лица!

Мексиканските власти организирале пријателски фудбалски турнир на нарко-картели во државата Закатекас, но таа не завршила како што било планирано..

На турнирот учествувале затвореници кои припаѓаат на нарко-картелите во Мексико. Најмногу претставници имало од Лос Зетас и Заливскиот картел, но нивната пресметка била кобна. На неа биле убиени дури 16 лица, а петмина биле повредени бидејќи среде натпреварот почнале воорушен конфликт.

„Играчите, затворениците имале со себе и ладно и огнено оружје со чија помош направиле незапамтен масакр“, известуваат тамошните медиуми.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top