Во Сиднеј исчезна Македонката Алексија Стојчевска

Апел за исчезнато лице..

Во среда, на 7 октомври 2020 година, 76-годишната Алексија Стојчевска последен пат беше видена кога го напуштала својот дом на „Smart Street“ во населбата Ферфилд во Мелбурн околу 9:30 часот наутро.

Алексија е опишана како жена со „медитерански“ изглед, средна градба, висока 155-160 см со кафеава коса и носи црна облека со сина шамија. Таа има здравствени проблеми, вклучително и деменција.

Таа е пријавена за исчезната од членовите на семејството и полицијата се загрижени за нејзината благосостојба.

Секој што има информации за локацијата на Алексија Стојчевска, треба да ги контактира „Crime Stoppers“ на 1800 333 000 или полицијата во Ферфилд на 9728 8399.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top